Биди мистериозна како месечината

 

Биди мистериозна како месечината

 😍😍😍

Биди мистериозна како месечината, однесувај се секогаш како дама, биди интересна, тешка за читање,  возбудлива како првокласен трилер, солнлива како небото, тмурна како облаците, непредвидлива како годишните времињабиди јасна како летен сончев ден, кој ја грее душата и во најмрачните денови, биди палава како есенските лисја, биди грациозна како лебед или кокиче на пролет- слободна како птиците на раскошното сино небо... биди извонредна  како снегулките кои паѓаат нечујно,  во еден ладен зимски ден! И најпосле, биди како животот кој тече, не запирај играјки си, танцувај како да нема утре, сонувај како сонувач со отворени очи, имај душевен мир како Буда...живеј го секој ден како подарок... до последен здив! Додека гори свеќата-знај дека животот е вечен и не запира додека не ја исполниш својата мисија на овој преубав свет! Заследи ги своите соништа, осмели се да играш со верверичките нa дрвјата, да ги мирисаш секогаш розите-посебно црвените... опушти се и уживај во пријатната глетка(без разлика дали е планина, плажа или море) –секогаш следи го сонот...за сонот да те следи тебе... ти си неверојатно суштество на кое му претстои интересна авантура!

Биди благодарна за деновите што претстојат, радувај се на моментот на зен – среќата-заборави го минатото, остани во мигот и повторно сонувај за совршено скроена иднина, бидејќи како што рекле секој е ковач на својата судбина...заследи го животот, лајкувај го(запечати го) направи свое селфи ...на својата игра во животот! И не заборавај да ставиш едно смајли и едно срценце... дотогаш главата горе ич да не те боли за другите што мислат... уживај во сонцето...И Carpe diem!(living la Vida Loca)…  ;)

Comments

Popular Posts