Мојот Ангел Чувар

 

Мојот поглед беше свртен накај таванот, се молев на Господ, те молам, Господе, немој да дозволиш, те молам, немој да дозволиш да почине! Конечно сфатив која сум јас всушност и сето тоа поради него, тој ме направи да бидам бесмртна, поинаква од надворешниот свет. Љубејќи го, сфатив дека и јас вредам, затоа во мојата единствена но не и последна молитва, те молам, дозволи да живее и земи ме мене место него?! Те молам со целото мое срце кое трепери од љубов и страв дека ќе го изгубам, моето срце чука нервозно и чувствувам дека ако тој почине и јас ќе одам со него на тоа толку специјално место...

Те молам, љубов моја, моја единствена светлина без која не можам да продолжам да живеам... слушни ме ако можеш некако на тоа место кај што си, само слушни ме... И јас го гушнав, бидејќи се чувствував изгубено, не знаејќи што да правам и паднав заспивајќи на неговите гради...

Го сонував следново:

Се сеќавав на моите почетоци, моите први другарки и другари, тогаш прејдов на првиот состанок со Него, мојот убав свет ангел, мојот ангел чувар, сеќавајќи се на неговите, о колку убави чоколадни очи, толку сонливи што би можела и токму сега да се стопам во нив... Исто така се сеќавам на неговата расеана кафеавка коса и на начинот на кој секогаш ми се смееше. Ох, колку беше сладок, што за момент кога ме погледна длабоко во очи, знаев дека ќе се заљубам во неговиот поглед, неговиот згоден изглед, тоа беше љубов на прв поглед. Мора да ви кажам и не безлична страст, не некоја детска симпатија, не љубовна заблуда, не заради неговиот изглед, иако да бидеме искрени, изгледаше супер - секогаш!

Ова нашево беше нешто друго, многу повеќе од изглед и посилно од природата. Тоа беше најубавото и најслаткото нешто на светот, на целиот универзум - љубовта!

Се сеќавам како ме гледаше, како ме правеше среќна со неговата насмевка. Секогаш кога ме тешеше кога бев тажна, дури и на начинот кој ме допираше, на кој ме бакнуваше, почувствував дека и тој ужива во нашата љубов, како и јас... Начинот на кој се гушкавме спокојно чувствувајќи се сигурна само со неговото присуство... Ох, колку ме љубеше тоа момче... се заљубив во неговата харизма... Начинот на кој ме почитуваше како да бев најважното нешто на целиот свет, целата планета – ме гледаше како кралица од неговите најслатки соништа... се чувствував сигурно и комплетно во неговата прегратка... ми правеше пеперутки во стомакот кои секоја вљубена жена треба да ги има, ме обожаваше само мене како да бев нешто свето за него, бев таа која го прави да се чувствува жив! Ме правеше да се чувствувам како да нема никој друг на светот освен јас и тој! За прв пат се почувствував заљубена дури како и обична девојка од планетата Земја!

 


Comments

Popular Posts