Ти си…
Ти си…
Кроток блесок од утринското сонце ја обли нејзината глава која беше покрај прозорецот. Се насмевна на преубавата глетка пред себе планината Скопска Црна Гора.
Се би дала да останеше уште една недела повеќе кај баба и на село. Чувството беше неверојатно да седиш така скромно, гледајќи ги нашите природни богатства- нашата Македонија е толку прекрасна земја, зар не?
Ти си
Ти си се што не сум сакала во животот... ти си ѕвезда која блика пред блескавото небо чиниш кротко стивнува, се гаси полека, но бескрајно шумоли тивката бреза покрај патот…
Ти си сите денови и ноќи непреспани поради тебе
Ти си воздухот што јас го дишам иако знам дека без тебе ке го изгубам последниот кислород што ми преостанува
Ти си слика во слика... прекрасен копнеж во мене тлее потребата да те бакнам толку страстно, толку милно да те прегрнам и да не те пуштам од вид.
Ти си се тоа што го мразам кај себе
Ти си лика прилика на мене и лика прилика на розата сабајлечки која кога врне дожд, станува миризлива, станува мокна!
Ти си сите работи добри и сите работи лоши што ми се случуваат.
Ти убавецу и само ти си се што некогаш сум посакала во животот чувството да те загубам го споредувам со ранлива роза е да онаа роза што мириса толку убаво а изгледа толку кревко небаре очекуваш дека некогаш ке се скине или дождот ке ја проголта со себе.
Ти јас и копнежот...
Ти јас и онаа капка дожд која поминува прва на мојот нос тркалајки се нежно до мојата уста, а ти бришејки ја со рака, се смешкаш онака слатко како и секогаш, со другата прегрнувајки ме. За тебе тоа е еден момент- за мене цела вечност -ах не би сакала да заврши никогаш!
Ти си она што никогаш нема да го заборавам макар и да умрам и да се препородам сепак тебе би те дочекала и би умрела до тие твои меки усни кои ги сонувам од денот кога се запознавме за прв пат.
Ти јас и нашата љубов
Ти јас и нашата судбина која не спои
Вечно онака заедно со последниот бакнеж кој сеусте тлее во нас- треперееме со силата на љубовта која гори страстно како свеќа која никогаш не избледува!
Ти јас и спокојот...
онака прегрнати во еден момент на душевен спокој, трагаме по сопствениот мир, опиени од најубавата природна дрога на животот љубовта!...
Засекогаш твоја!... љубовта на твојот живот дојде и си ојде во бескрајот на светлината и вечерното небо помеѓу времето и просторот.
И да знам дека и ти ме сонуваш секоја вечер пред да заспиеш...
И да, сакам да бидам твојата оддамна заборавена средношколска љубов...
Ти и Јас, како земјата и водата...заедно правиме моќен елемент...
Ти и јас како - Ана Каренина, како хероините во делата како Оркански Височини и Џејн Остин...мрачни и комплексни, но сепак збунувачко совршени како делата на Достоевски... опиени онака заедно вечерајќи под отворено небо со седум опојно-миризливи свеќи- постигнувајки совршена целост- вечен мир!
Ти јас и целата вселена...
Заеднички воздишки- затоа што само со тебе можам да го најдам мирот што ми е потребен да опстојам, да продолжам да дишам...
Ти и само ти-ништо друго не е важно!...
Од љубовта на твојот живот -која чека да те запознае…
Comments
Post a Comment