~ … I will always be a graceful swan, even when I do fail at times…~(
Секогаш ке бидам грациозен лебед, иако понекогаш паѓам!)
” Во животот не постојат вистински порази,
постојат само резултати. Не постојат вистински трагедии, туку само лекции. И
навистина не постојат проблеми, туку само можности, кои оној сто е мудар треба
да ги сфати како решенија. ” Робин Шарма.
Мислите ги прават делата. Делата ги
формираат навиките. Навиките го градат карактерот. Карактерот ја обликува
субината.
Дојде семптември, а јас сеуште не знам што
да правам со себе.Целосно сум збунета- дезориентирана, со еден збор тотално изгубена
во вселената некаде.Навистина не знам, но нема да се предадам додека не знам
што е сржта на моите проблеми и дали воопшто имам некаков проблем.Мислам според
татко ми, јас уживам во неправењето ништо...навистина Кој е како мене ха? Пих, каква проста и неискусна будалетинка сум била , зар не? Имам ДЕПРЕСИЈА АБЕ АЈДЕ! ... знам дека животот не е фер, ама јас сакам да биде лесен. И
сакам да верувам дека се оди како подмачкано и дека сепак има некоја ронка надеж дека ке ми помогне
да ги остварам моите сништа, извлекувајќи ме од темнината. Од неизмерната тага
што ја чуствувам и која верувам дека ке запре иако не знам како. Чуствувам како
сите да успеале јас не. како да заостанав. А не е така затоа сто сите жители на
оваа планета барем еднаш се почуствувале безвредно, тажно ,мизерно несреќно... Сепак јас мислам дека преку таа болка може да се стигне до вистинската
срека . На една страна на интернет прочитав дека сепак тоа е возможно, само за
се треба да се преземат акции и да се делува по соодветен план. Исто така пишува дека нема волшебно апче кое инстантно ке не
направи поуспешни во сите полиња на животот, туку дека решението е во самите
нас.
“Најдобра употреба на животот е кога ке го
употребиш на нешто што ке те надживее. – Вилијам Џејмс
Comments
Post a Comment